Универзитетскиот Професор Љубомир Цуцуловски реагираше на, лицемерниот обид да се оправда насилството на пратеникот Арбер Адеми, кој со филџани маваше по пратениците од опозицијата.
ЛИЦЕМЕРИЕ. Се „трудат“ на јавноста да ѝ објаснат дека виновен не бил испровоцираниот, кој во гнев го кршеше собранискиот инвентар и фрлаше тврди предмети по пратениците, удиријаќи ги и по рацете, туку виновни биле тие што го испровоцирале. Ако е така, тогаш веднаш, без одлагање, истиот принцип нека го применат и врз оние кои робијаат по македонските затвори, заради нивната реакција на настаните од 27 април 2017 година, бидејќи и тие, исто така, биле испровоцирани. Никој не може да биде чесен, ниту праведен, ако не е доследен на принципите и објаснувањата на кои се повикува. Сѐ друго е само неподносливо лицемерие, напиша Професорот Цуцуловски на својата Фејсбук страница.