Колумни

Љубомир Цуцуловски: Очигледно е дека историјата се повторува. Меѓутоа, сепак, во нешто изменета верзија

ПОВТОРУВАЊА. Деновиве, за жал, се потврдува Хегеловата теза, кон која покасно се приклучува и Маркс, дека историјата се повторува – еднаш како трагадија; вторпат, како фарса. Секој, кој поседува елементарни познавања од историјата, сигурно знае за Кубанската криза од 1962 година, кога СССР отвори свои бази со нуклеарно оружје, во непосрадната близина на САД. Поточно, на Куба. САД, како одговор на однесувањето на СССР, реагираа одлучно, целосно блокирајќи ја Куба. Светот се најде пред војна со несогледиви последици. СССР, после долги и мачни преговори, ги повлече воените сили од близината на САД. Денс, околу Украина, се случува нешто слично. Всушност, нешто и д е н т и ч н о, меѓутоа во обратна насока – улогите и местата на актерите се заменети.

Очигледно е дека историјата се повторува. Меѓутоа, сепак, во нешто изменета верзија. Не се повторува (првпат) како трагедија, а потоа (вторпат) како фарса, туку и во двата случаи како т р а г е д и ј а, бидејќи секоја војна претставува трагедија. Дека многу малку се учи од историјата, ако од неа воопшто се учи, уште еднаш се потврдува, т.е повторува. Надежта? Што е со надежта? Тешко на светот кој се потпира единствено врз надеждта, наместо врз разумот и сведочењата на историјата.

Related posts

Leave a Comment