Став

Љубомир Цуцуловски: Република Македонија одамна е куќа без каков било излез/врата

ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ. Долго време тврдам дека Република Македонија не се наоѓа во провалија, туку во бездна. Провалијата, колку и да е длабока, сепак има крај/отвор/излез, сеедно колку и да е одалечен.

За разлика од неа, бездната нема никаков крај. Во која и да било насока да се движите, никокаш нема да наидете на нејзиното дно/крај. Затоа е и бездна. Во оваа смисла, таа е затворен, безизлезен простор. Инаку, не би била бездна. Пишувајќи го ова, се потсетив на Сартровата драма „Зад затворени врати“ од1944 година.
Во неа дејството (ако во неа воопшто има некакво дејство/акција) се случува во пеколот. Пеколот кој го опишува Сартр не е обичен. Во него ги нема вообичаените апарати за мачење. Го нема и Ѓаволот. Нема ниту длабоки казани со оган.
Сартровиот пекол е само обична соба, во која нема прозорци, додека вратите/излезот целосно се затворени. Во просторијата се наоѓаат само три, веќе починати личности, незнаејќи ништо едната за другата, ниту било што знаат за намерите на другиот. Така, сѐ до нивната смрт. Додуша, не ни може да се рече дека така ќе биде сѐ до нивната смрт, бидејќи тие се веќе мртви. Во спротивно, не би биле во пеколот. Нивната иднина е вечно да бидат во оваа просторија/пекол, со апсолутно затворени врати.
Република Македонија одамна е куќа без каков било излез/врата. Нејзините врати целосно се затворени – како однадвор, така и одвнатре.

 

Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment