Колумни

Љупчо Палевски : Борба за суверени европски народи

БОРБА за суверени #ЕВРОПСКИнароди
Таман да заспијам…ми светна, секогаш заборавам да разјаснам една работа,а светнувањето е еден прекрасен текст на Достоевски, во врска со СЛОВЕНИТЕ. (во групата МИР го прочитав)
Токму затоа, со ризик по втор пат ѓубрињава либерални да ме прогласат за РубљаПАТРИОТ, затоа што и не разбираат политика сперматозоидите на СОРОС, за моите, за нашите, за Македонците ќе напишам.
Веќе 4 години живееме во терор глобалистички, проект за денационализирање на една држава и претварање на територија со исчашен систем, граѓански, ама пак доминантно етноПОЛИТИЧКИ уреден простор во кој се родивме и има име Македонија.
Македонецот е оставен без организиран политички отпор, со огромна емоција и набој, но без артикулација за отпор и организација. Помош од никаде, освен изјавите неколку, чинам цели две на ЛАВРОВ кои беа искрени, кратки и точни. Захарова многу почесто вербално не брани од СОРОС и компанија, на дипломатски начин, вординг, но конкретна помош нема, нема ни да ја има.
#СОФТпауверот на Атлантистите секој ден ја разградува Македонија, а Русија тоа го посматра и не реагира, не може, не дека не сака, неможе, не знае и тоа е причината за нејзината сосема друга стратегија.
Имено, зошто треба да се бориме секој ден? Зошто мораме да издржиме и свеста секој ден да ја подигаме, организираме и спремаме за борба, дури и во оваа состојба кога наизглед сме сами, против сите???
Камаради, браќа и сестри, ТРИКОТ е прост, многу ризичен, тежок, но треба да го разберете следното.
Путин и екипата, како Лавров на пример кој е министер за надворешни работи повеќе од 12 години, кој се бори како ниту еден на глобално ниво искусен министер, водат битка за Европа, за Ослободување на Европа од АнглоСаксонскиот хегемон.
Русија нема ресурси за отварање широк Контра-Фронт со софт паувер слично на СОрос и целата НеоЛиберална буљумента на глобалистиве, па токму затоа мора да игра стратегиски прецизно, фокусирана на најсилните Европски точки, а тоа се Берлин и Париз.
Русија сака, но и мора да победи токму во Берлин и Париз, доколку сакаме да се ослободи Европа и ЕВропските народи од едно вековното ропство од Атлантистиве, од лихвариве белосветски, потоа е се полесно. Континентот цел, буквално цел ке се ослободи за потоа да започне КОНТИНЕНТАЛНАТА политика, политиката на СУВЕРЕНИ НАРОДИ во големи сојузи.
Затоа, додека трае битката за спас на Европските суверени народи, додека се бори континентот против ропствотот од Атлантистиве, ние Македонците мораме да го издржиме нивново малтретирање, мораме да бидеме подготвени повторно да бидеме на вистинската страна, НАЦИОНАЛНАТА страна, мораме да бидеме силен НАРОД, затоа што врмето на НАРОДИТЕ, на КОЛЕКТИВИТЕ повторно доаѓа, нема друго.
Затоа не се лутам ниту на Путин, ниту на Русија затоа што бијат огромна цивилизациска битка за Европските народи кои исто како и Македонскиот, доколку Русија потклекне ќе бидат збришани и претворени во вештачка нација со име ЕВРОПЈАНИН.
Супер државата ЕУ како проект пропадна, но борбата со АнглоСаксонскиот хегемон е во полн ек, иако многу малку ја гледаат, борбата со САТАНАТА е при крај, ние Македонците треба тоа да го знаеме, ние Македонците мораме да издржиме, а со тоа и ПОБЕДИМЕ.
#Палчо
#ПС: Пак ќе заборавев, старост јебига, ПУТИН е нај тајниот и стратегиски нај важен ЕВРОПСКИ ПРОЕКТ, нема СЛОБОДНА ЕВРОПА од САД и УК, без силна РУСИЈА.

Related posts

Leave a Comment