Албанскиот премиер Еди Рама со семејството и олигарсите ја ограби Албанија за една милијарда евра за шест години, тврди лидерот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Љуjзим Баша, во видео пораката објавена на Фејсбук.
Сè што прави Рама е во служба на олигарсите, напиша тој, истакнувајќи дека Рама лаже и е уметник за изнудување, дека сите негови проекти, програми и политики се дизајнирани за грабеж.
Тој краде преку концесии и тендери, рече Баша во видео порака
.
Албанија е ограбена и осиромашена. Рама и мал број на бизнисмени, грабејќи секојдневно го делат своето богатство, посочува Баша, изјавувајќи дека секое трето домаќинство во Албанија нема што да јаде.
Рама треба да биде разрешен за да се ослободи Албанија од оваа банда, рече Баша.
Пред два дена, Баша објави видео порака во која се вели дека меѓународните известувачи посочуваат дека Еди Рама е најкорумпираниот премиер на Балканот .