Свет

Џихадистите заслепени од силен блесок: Русите фрлија специјални бомби во близина на турските сили (ВИДЕО)

Во мрак, непријателските цели во близина на сириско-турската граница,  беа погодени од силен тресок, а активирана беше и воздушна муниција ФОТАБ создадена за осветлување на теренот. Таквата бомба создава блесок на светлосен интензитет од повеќе од 2 милијарди кандели (флуоресцентна сијалица има 120 кандели). Од силното избувнување, џихадистите привремено ја изгубија борбената способност, тие беа шокирани и дезориентирани. Така, руските воздушни сили и помогнаа на турската армија во борбата против терористите во сириската провинција Идлиб.

Во зоната за деескалација во Идлиб во североисточна Сирија, џихадистичките банди продолжуваат да ги градат своите сили.

Анкара, која се обврза врз основа на Меморандумот за разбирање со Русија за ситуацијата во Идлиб, не успеа да ги искорени терористичките организации во покраината.

Про-турските милитанти од Сириската национална армија не успеваат успешно да одолеат на екстремистите од Хајат Тахрир ал-Шам, Хурас ал-Дин и Ансар ал-Таухид.

Екстремистите секојдневно воспостуваат контролни пунктови и патроли на територијата што ја контролираат која  се шири, а тие самите, според разузнавачките служби, постигнуваат напредок на територијата под контрола на сириската арапска армија (САА)

На 28 април, милитантите од движењето Хурас ал-Дин спроведоа две диверзантски операции против групи про-турски милитанти во Инксик и Ал-Кур. Тројца милитанти на 8-та бригада на Националната сириска армија беа убиени, а осум беа ранети.

На 29 април истата група нападна контролен пункт на Турските вооружени сили во областа Баксари, на 30 километри од Идлиб.

Екстремистите од Хајат Тахрир ал-Шам префрлија десетина камиони со митралези и ракетни системи, два минофрлачи од 120 мм, за да организираат провокации против сириските владини сили, во областите Кнед и Ез-Зиар.

Исто така, на 29 април, милитантите од Ансар ал-Таухид нападнаа упориште на сириската национална армија во Тума. Двајца милитанти беа убиени и седум ранети.

Во централниот дел на зоната за деескалација во Идлиб формално започна спроведувањето на анти диверзантсите мерки на про-турските милитанти. Џихадистите, заобиколувајќи ги контролните пунктови и заседите што им се познати, извршија три диверзии во текот на 29 април во Кафер Хаџи, Мурин и Бселија. Шестмина беа убиени и 14 ранети.

Во тој контекст, се повеќе про-турски милитанти одбиваат да учествуваат во акции против екстремистите поради систематско одложување на исплатата на нивната плата и поради страв за нивниот живот.

Ова доведе до фактот дека протурските групи беа практично беспомошни пред екстремистичките групи. Позициите на Турците и нивните милитанти беа особено ранливи ноќе.

Русија, придржувајќи се кон договорите постигнати со Анкара, не можеше да избегне ваква кризна состојба. Имајќи разузнавачки информации за подготовка на саботажа од страна на терористите против турската страна, како и за подготовка на пробивот на вооружените терористи преку контактната линија, руските воздушни и вселенски сили им помогнале на нивните турски колеги.

За да ги демаскираат екстремистичките одреди кои подготвувале саботажа, руските пилоти користеле специјални бомби за фото-осветлување во областа на населбите Хербет ал-Арц и Шургат ал-Арц ноќта на 30 април

Воздушната муниција ФОТАБ беше создадена за осветлување на областа. Една таква бомба создава блиц со интензитет на светлина поголем од 2 милијарди кандели (за споредба, модерна флуоресцентна сијалица произведува интензитет на светлина од 120 кандели). После таков удар, џихадистите немаа шанса да останат незабележани.

Related posts

Leave a Comment