Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека инвазијата на Украина ќе биде „катастрофален чекор“.
Портпаролот на премиерот Џонсон истакна дека Британија не планира да испрати борбени трупи во Украина за да и помогне да се одбрани од каква било руска агресија, пренесува Ројтерс.
Руска инвазија на Украина тоа би било, како што рече Џонсон, болна, насилна и крвава работа.
„Нема апсолутно никакви планови за испраќање британски борбени трупи во Украина“, рече тој.
Велика Британија веќе испрати мал број пешадиски трупи во Украина за да помогнат во обуката за одбранбено оружје, потсетува британската агенција.
Британската амбасада во Киев претходно денеска соопшти дека дел од персоналот на Амбасадата и членовите на семејствата на вработените почнале да се повлекуваат од Киев поради, како што беше наведено, „растечката закана од Русија“.
Во соопштението на Амбасадата на Твитер се наведува дека британската амбасада во Киев останува отворена и ќе продолжи да ги извршува најважните задачи.