Свет

Џонсон се закани : Ќе излеземе од ЕУ на 31 октомври со или без договор

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека за време на петнеделната парламентарна суспензија ќе обезбеди излегување на Велика Британија од Европската Унија на 31 октомври, со или без договор.

„Мислам дека има голем број луѓе кои навистина сакаат ова да се случи, а тоа го вклучува и британскиот народ, како и луѓето од Брисел и нашите пријатели и партнери ширум ЕУ“, изјави Џонсон за Би-би-си.

„Тие сакаат процесот на напуштање на ЕУ да продолжи. Брегзит се одолговлекува веќе три години“, додаде тој.

Пратениците од опозицијата но и дел од конзервативците,во понеделникот го отфрлија предлогот на Џонсон за распишување предвремени избори.

Related posts

Leave a Comment