Свет

Профитот на производителите на вакцини се мери во десетици милијарди: чинат 1 евро, се продаваат за 20 долари

Кралскиот колеџ во Лондон пресмета дека една доза на вакцината Фајзер го чини производителот едно евро, а Модерна 2,4 евра , додека нивната една доза се продава помеѓу 14 и 20 долари. Богатите земји имаат акумулирано 90 проценти од произведените вакцини, а на сиромашните им останува само еден процент.

 

Профитот на фармацевтските компании се мери во десетици милијарди евра , се распределува на сопствениците на акции, и доколку се инвестира во производство на вакцини, би било доволно да се имунизира секој жител на Земјата, пишува весникот .

Монопол за производство на вакцини

За неуспехот на програмата за хуманитарна вакцинација не се виновни само фармацевтските компании, туку и организации и влијателни лица кои беа премногу на страната на производителите, на кои преку тајни договори им овозможија монопол за производство на вакцини.

– Кршењето на монополот е клучно, како што не учи историјата за лекот за ХИВ. Здравата и слободна конкуренција од производителите ја намалува цената, како што беше случај со лековите против ХИВ. На почетокот на ширењето на инфекцијата, благодарение на монополот, пациентот го чинеа 10.000 долари, а по укинувањето на монополот, 67 долари годишно – се заклучува во извештајот.

Related posts

Leave a Comment