Македонија

17.771 членови помалку се регистрирани за изборите за лидер на СДСМ

 

СДСМ: Со новата Влада ќе обезбедиме прочистување на правосудството и  проверка на функционерскиот имот

51.228 членови на СДСМ се регистрирани да гласат на внатрепартиските избори во недела што е за 17.771 член помалку во споредба со претходните избори кога Зоран Заев доби мандат за претседател со добиени 60.840 гласови од вкупниот број регистрирани 68.999. Централната изборна комисија донесе одлука да може да се гласа и на денот на изборите а одобрение за тоа добила на претходната седница на Централниот одбор.

ИМАЈЌИ ГО ПРЕДВИД КРАТКИОТ ВРЕМЕНСКИ РОК ЗА АКТИВНА РЕГИСТРАЦИЈА, НО И ИНТЕРЕСОТ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ, ЦЕНТРАЛНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ДА ИМ СЕ ОВОЗМОЖИ НА СИТЕ ЧЛЕНОВИ КОИ ПОСЕДУВААТ ЕЛЕКТРОНСКА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ДА МОЖЕ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ НА САМОТО ГЛАСАЧКО МЕСТО И ДА ГЛАСААТ НА ВОНРЕДНИТЕ ВНАТРЕПАРТИСКИТЕ ИЗБОРИ, СООПШТИЈА ОД СДСМ.

Гласањето во недела ќе започне во 8 а ќе трае до 19 часот, ќе се одвива на 194 избирачки места низ општинските организации. Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседатал на СДСМ кои се наоѓаат на гласачкото ливче, согласно жрепката за утврден редослед.

Членовите ќе имаат можност да се изјаснат за еден од тројцата кандидати, Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски. Официјалните резултати ќе се соопштат во 21:30 часот а новиот претседател треба да биде избран со повеќе од половината регистрирани членови.

Паралелно со внатрепартиските избори во СДСМ, но на друга локација ќе се бира и нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатура досега има поднесено само актуелниот претседател Христијан Мицкоски. На конгресот ќе присуствуваат 518 делегати, ќе се усвои нова доктрина која ќе биде водилка на партијата во наредниот период. За влез во салата сите членови треба да приложат вакцинален сертификат или негативен ПЦР тест.

Related posts

Leave a Comment