Свет

Во Австрија од полноќ престанок на локдаунот за невакцинираните

Austrijski parlament

Во Австрија од полноќ престана да важи заклучувањето за невакцинираните за да можат повторно да се движат слободно надвор од домовите без страв дека ќе бидат казнети.

Имено, заклучувањето ја ограничи слободата на движење на невакцинираните на неколку недели. Тие можеа да одат само во продавници за храна, аптеки, пошти, банки, лекар, на работа или училиште и на прошетки, но само со луѓе од исто домаќинство.

Сепак, укинувањето на заклучувањето не ги враќа сите слободи на невакцинираните. Во продавниците во кои не се продаваат намирници или средства за хигиена се уште важи правилото „2G“ , што значи дека тие се „отворени“ само за вакцинирани лица и прелжани од Ковид 19.

Related posts

Leave a Comment