Свет

Конашенков: Околу 200 платеници од Хрватска пристигнаа во Украина

МОСКВА- Околу 200 платеници од Хрватска му се приклучија на националистичкиот баталјон во Украина, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Конашенков изјави дека военото аташе на Хрватската амбасада во Москва денеска е поканет на разговор во руското Министерство за одбрана и дека му било кажано дека Русија била информирана за пристигнувањето на платениците, пренесува ТАСС.

конасенков

„Само минатата недела околу 200 платеници од Хрватска пристигнаа преку Полска и се приклучија на еден од баталјоните на националистите во југоисточна Украина“, рече Конашенков, цитиран од ТАСС.

Како што наведе, военото аташе бил информиран за незаконските активности на хрватскиот државјанин Денис Челер, кој, како што рече, учествувал во борбени операции во југоисточна Украина во 2015 година, а сега формирал групи хрватски платеници кои треба да бидат испратени во Украина.

Related posts

Leave a Comment