Најмалку четири руски бомбардери и двај борбени авиони беа пресретнати од Северно-американската воздушна команда за одбрана (НОРАД) на брегот на Алјаска.
Според НОРАД , руските авиони влегле во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Аљаска кога биле пресретнати, но тие останале во меѓународниот воздушен простор – и не влегле во американскиот или канадскиот воздушен простор, според официјални лица на НОРАД.
“Два од руските бомбардери беа пресретнати од два Ф-22ки, а втората група бомбардери Су-35 беше пресретната подоцна од два дополнителни Ф-22”, изјави преставник на НОРАД.
Тој изјави дека мисијата за пресретнување Е-3 “обезбеди целосен надзор”.
“Ловците на НОРАД ги пресретнаа руските бомбардери . два Ту-95ки беа пресретнати со два Ф-22; втората група од 2x Ту-95 + 2x Су-35 била пресретната подоцна од уште два Ф-22; NORAD E-3 обезбеди целосен надзор.
Пресретнувањата се случија во услови на тензии меѓу Русија и САД. Руското Министерство за одбрана минатата недела објави дека нивните воздухопловни сили пресретнале десетина авиони на НАТО долж западната граница на Русија.