Американската армија потврди дека во саботата нападнала центар на Ал-Каеда во Идлиб во северозападна Сирија, при што загинале 40 џихадисти. Централната команда на САД соопшти дека цел на операцијата биле водачите на Ал-Каеда одговорни за „напади врз американски граѓани, наши партнери и невини цивили“.
„Отстранувањето на овој центар дополнително ќе ја ослабне нивната можност за спроведување нови напади и дестабилизација на регионот“, додадоа тие. Претходно, Сириската опсерваторија за човекови права објави дека најмалку 40 џихадисти биле убиени во ракетни напади насочени кон групата поврзана со ал-Каеда во Идлиб.