Двајцата водачи разговараа за Сирија, Иран, Украина и Венецуела
Состанокот меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, на маргините од самитот на Г20, траеше 80 минути.
Претходно, беше предложено разговорот да трае помеѓу 60 и 90 минути.
Отворајќи го состанокот, двајцата лидери забележаа дека состанокот е одлична можност да се зборува за многу прашања што се собраа и беше нужно да се разгледаат. Доналд Трамп предложи да се разговара за прашањата поврзани со трговијата и разоружувањето. “Голема чест е да бидам со претседателот Путин. Неговите претставници,како и моите претставници имаат многу работи за да дискутираат, вклучително и трговијата, вклучувајќи го и разоружувањето,а можеби малку и протекционизмот”, рече тој.
” Се согласувам со претседателот на САД, имаме многу теми за разговор”, истакна Путин. “Сите теми беа поставени, ние не сме се виделе еден со друг, од состанокот во Хелсинки (во јули 2018 година ). Точно е дека нашата администрација работеше и ни даде одлична можност да продолжиме со она за што се согласивме во Хелсинки “, истакна Путин.