Руски хакери неодамна се обиделе да ги пробијат безбедносните мрежи на НАТО и вооружените сили на одредени источноевропски земји, објави денеска Аналитичката група за закани na Гугл.
Во извештајот не се наведува кои биле целите на нападот, кој се опишува како обид за кражба на лозинки, податоци од мејлови или други комуникациски канали, но се наведува дека нападот бил инициран од руската група „Колдрајвер“ или „Калисто“. , објави Ројтерс.
„Ваквите напади беа извршени со помош на нови сметки на gmail и одеа на сметки кои не се на Google, па не се знае колку биле успешни“, се наведува во извештајот на тимот на Google.