Колумни

Jенс Столтенберг- наjперспективниот агент на КГБ под кодово име – Стеклов – Колумна Зоран Курљан

 

Агентот Стеклов

Судбината на ген.секретар на НАТО во 2016 г. беше ставена под знак прашалник кога нов претседател на САД стана Д. Трамп, како што тогаш пишуваше Вашингтон Пост. Преставниците на претседателот Трамп во Брисел фактички му поставиле ултиматум на првиот човек на НАТО, принудувајки го на ред измени во раководството на алиjансата. Иднината на самиот генсек е непозната, но како што пишува ,, Лаиф,, , на Трамп може да му биде од полза искуството на бившиот агент на КГБ.

31.05.1991 г. Осло- Норвешка.

Помошникот резидент на КГБ подполковникот Борис Крилов пристигнал на средба со агентот малку порано, но во таверната ,, Строторвет,, ги спремаа наjдобрите шкампи во Осло, а , членконогите , заедно со чашка аквавит( скандинавска ракиjа) биле вистинско гастрономско насладуванье за таа петочна вечер.

Но, не успеал Крилов да jа допие првата чашка исполнета со трпка скандинавска ракиjа, кога внатре втрчал растревожениот Jенс Столтенберг- наjперспективниот нов агент под кодово име – Стеклов.

– Ова е наша последна средба,- злобно довикнал Jенс.

– Што се случило, другар моj?- Кирилов се насмевнал, но моментално сфатил дека момчето не се шегува.

– Вие мене ме продадовте!- прошиштел Jенс, готов да пукне од лутина.- Jас ви реков дека ке се срекаваме и ке разговараме за доброволна помош, се договоривме дека jас нема никаде да фигурирам, а вие ми заведовте досие?! Агент Стеклов?! Што се случува по ѓаволите?!

Кирилов остинал;- ,, Своjот псевдоним Столтенберг не требаше да го дознае ни под било какви околности. Неприjатностите само што започнуваа,,.

– Ти сигурно се шегуваш?!- спокоjно се насмевнал подполковникот.- Или ,си се изнагледал американски шпиунски филмови?!

– Немоj да ме лажеш! Твоите другари ме продадоа!. Тие го предале моето досие на Англичаните, а тие jа приклучиjа нашата жандармериjа. И вчера тие дојдоа каj нас дома.
Си преставуваш ли ти , каков скандал се случи потоа?!

– Почекаj,… Сега нас не набльудуваат?

Дури тогаш Кирилов ги приметил двата црни Саабови , паркирани пред таврната, а на масата до влезот- дваjца ,, разбивачи,, на чии што лица се гледаше дека се преставници на – Полициската Служба на Норвешка.

… Се разбира, денес може да се покаже чудно што со НАТО – во наjтензичното време на односите помегу НАТО и Русиjа раководи агент на КГБ со псевдоним Стеклов, но тоа се чини чудно само на прв поглед.

Оваа неприjатна историjа би била катастрофална за секоj млад политичар, но не и за членот на семеjството од ,, Норвешките Кенедиеви,,. И ова воопшто не е преувеличуванье:- таткото Торвалд- беше лидер на ,, Народната работничка партиjа,, и неколку пати се наогал на важни државни функции, бил пратеник и министер за одбрана и надворешни работи.На високи позиции работела и неговата маjка Карин. Уште еден член на кланот , универзалниот министер- Jохан Хольст, раководел со военото министерство, потоа полициjа и надворешна политика.

Впрочем, должностите овде и не се многу важни. Главната ,, таjна,, се крие во потеклото на маjката на генсекот. Таа и неjзината сестра Марианна се преставници на наjбогатата фамилија во Норвешка- Хеиберг, банкари и индустриjалци.

Многу позната таа фамилиjа станала во времето на втората светска воjна, кога Норвешка го поставила , лоjалниот на Третиот Раjх , режим во глава со Видкун Квислинг. Имено во тие години во нацистичката Европа светнала звездата на Кирстен Хеиберг- норвешка киноактерка, коjа често jа споредуваа со самата Марлен Дитрих. Кирстен се омажила за Франц Гроте, приjател на СС групенфирерот Ханс Хинкел коj бил соработник во Министерството за народно просветлуванье и пропаганда на Третиот Раjх, а бил гарант на чиста германска култура од ,, расовото туги евреjски елементи,,

Со такво покровителство за Кирстен биле отворени сите врати на театрите, кино салите, и во високосветските салони, каде често се разонодувал и другиот виден преставник на истиот клан- Аксел Хеиберг Стенг, коj бил еден поблиските соработници на Квислинг. Имено благодареjки на тие околности господинот со чисто ариевска надворешност, ги наполнил своите рудници и фабрики со бесплатна работна сила од норвешките концентрациони кампови, во главно заробени преставници на Црвената Армиjа.

Аналогиjата со домашните лица кои прво jа продадоа Македониjа,го изгазиjа неjзиното родно име, се откажаа од многумилениумската историја на македонскиот народ и плукнаа во душата на Македонците е очигледна.

За да се биде висок функционер или барем преставник на т.к.н. мегународна заедница коjа всушност е составена од државите на ЕУ и САД и кои често немаат заеднички став околу прашаньа од нивни општ интерес , ниту одалеку не може да ги исполни критериумите на општо препознаена – мегународна заедница, ниту по броjноста на тоj клуб, ниту по НБП, ниту според големината на пазарот коj тие го преставуваат во многуполарниот свет, мора прво да се предаде Татковината. Само на тоj начин ,, кукловодите,, од Запад ке бидат уверени дека нивните поставеници нема да се одметнат, од проста причина- нема каде да се вратат. Штетите што претходно ги сториле во своите земји се од колосална природа и за последиците кои настанале од нивните предавнички дела се бара висока казнена мерка, многу често и наjвисоката.Ако не ми верувате мене, прашаjте го Михаил Саакашвили, некогашната политичка звезда на Грузиjа коj потикнат од своите западни ментори се реши на воjна со Руската Федерациjа коjа заврши плачебно за горе споменатиот и и губенье на дел од териториjата на Грузиjа. Или , прашаjте го истрошениот и корумпиран поранешен претседател на Украина – Ваљцман ( Порошенко ) , коj што неодамна беше предаден во рацете на украинскиот народ. Братскиот славjански народ беше фрлен во братоубиствена воjна , осиромашуван , понижен . Маjданската ,, Шарена револуциjа заврши со нагризан државен суверенитет …
… Мишковите патешевствиjа во подоцнежнита животни приказни : во Украина , Полска, САД и Холандиjа е политичка тв- новела, до следната задача, до следната штета.

Тие кои нас не повикуваат и убедуваат да се преиначиме во некои други, со друго, за нас туго име, и да се втурнеме во авантура коjа ке резултира со губенье на нашата сувереност, државност и териториjа ,тие , кои сакаат да не стават во истиот ред со Палестинците, Курдите и Уjгурите – се нашите Саакашвилиевци. Луѓе од X-men формат кога треба туѓо да се руши , но без креативна сила да создадат и бранат.

 

Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment