Ерик Принс, основачот на озлогласената приватна воена компанија ” Блеквотер ” и претседател на фирмата “Frontier Services Group”, ги објави своите планови да побара можности за инвестирање во израелски компании, за време на неговата посета во јули 2019 година во интервју за “Ерусалим пост”.
За време на неговиот престој во земјата, Принс ќе се состане со претставници на компании кои работат во одбранбените и разузнавачките области, како што се BlueBird Aero Systems и Axon Vision, објави медиумската куќа.
“Го сакам духот на израелскиот народ кој го следеше својот сон и идеја да изгради нешто ново. Тие имаат комбинирано знаење, истрајност и решителност да изградат нови ентитети и опции “, рече тој.
Принс има особен интерес за поранешните членови на елитната разузнавачка единица ИДФ 8200, која стана лулка за идните основачи на израелскиот hi-tech старт-ап. Американскиот бизнисмен истакна дека луѓето што служеле во такви единици се обично оние кои се способни да ги решат проблемите без “многу држење за рака”.
Основачот на Блеквотер ” планира не само да инвестира во овие фирми, туку и да им помогне да растат, да го споделат своето искуство, да им помогне да освојат нови пазари и да ги предупреди за некои типични грешки.
Блеквотер приватната воена компанија се најде во незавидна ситуација откако неколку од нивните вработени беа прогласени за виновни за убиство на 14 невооружени цивили без причина во 2007 година. “Блеквотер” тврдеа дека биле нападнати додека придружувале конвој на американската амбасада на плоштадот “Нисур” во Багдад.
Сепак, судот утврди дека еден од вработените е виновен за убиство, а тројца други за повеќекратни убиства. Вработените добија казни во период од 30 години затвор.По скандалот, кој предизвика големи критики од јавноста, Блеквотер беше ребрендиран како Академи, при што Принс ја напушти компанијата. Тој подоцна ја основа Хонг Конгшката – Frontier Services Group (FSG), која, наводно, неодамна се соочила со надгледување од Министерството за одбрана на САД во однос на своите договори во Кина, по се почестите ангажмани на оваа компанија од страна на Пекинг низ афричкиот континент.
За потсетување Блеквотер беше поврзуван и со присуство на тлото на Македонија за време на воениот конфликт во 2001 година,а извлекувањето на албанските терористи од Арачиново се вели дека било маска за извлекување токму на платеници од Блеквотер кои се бореа на страна на терористите.