Тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино сака да го донесе во неговиот тим својот сонародник Џовани Ло Келсо од Бетис за 80 милиони евра, со што ќе го урне рекордот на клубот во преодниот рок.
Според „Дејли мирор“, Почетино е заинтересиран за Келсо, со кого дополнително би ја зацврстил линијата за врска.
За разлика од двата претходни кога не донесе ниеден фудбалер, екипата од Лондон во овој преоден рок одлучила да потроши доста пари на засилување, ако зе земе предвид дека неодамна за 60 милиони евра го донесе Тангуја Ндомбеле од Лион.
Инаку, за Ло Келсо беше заинтересирана и Бенфика, но англиските медиуми тврдат дека тој повеќе преферира да игра во Премиер лигата отколку во Португалија.
извор Спорт М