Македонија

А бе Захариева, ко сме кај лажењето, Тодор Живков, на леб и вода ве држеше 45 години, мастики за џвакање не знаевте што се, левис пестокец од нас ги соблекувате и ги откупувавте, а понекогаш ни ги соблекувавте без откуп.

 

Министерката Захариева е загрижена што 75 години си ги лажеме децата за Гоце, Јане анд компани. Тито и Сталин ја украле Македонија од Бугарија, зашто нејќеле Голема Бугарија на Балканот. Па Југославија беше двапати поголема од Бугарија по жители. Ги гледаш Тито и Сталин ноќе у фантомки кај Ќустендил си шепкаат: Еј камарад ај да им ја украдеме Македонија на Бугариве.
А бе Захариева, ко сме кај лажењето, Тодор Живков, на леб и вода ве држеше 45 години, мастики за џвакање не знаевте што се, левис пестокец од нас ги соблекувате и ги откупувавте, а понекогаш ни ги соблекувавте без откуп. За вашата економска фаза наречена “за две червени” да не зборам. Не ви се потсмевам, со сиромаштија не смее човек да се потсмева. Ама кој од нас тогашните титољубни Македонци, сакал да биде Бугарин. Никој. Бевме Катар за сите вас кои седевте во скутот на СССР. Можевме да ве купиме сосе четкичката за заби. Не ни паѓало на крај на памет, дека ќе дојде време најочајните од нас Бугари да се потпишуваат. У она титово време да му кажеш некому Бугар, ќе се навредеше. Додуша и сега ако ме наречеш така, мила Захариева, ќе се навредам. Јеби га, виша сила.
Никој не не лажел за Гоце и Јане, особено не Тито. За други работи не лажеа, најмногу откако Тито умре. Ко што го лажеа и Тито ко почна да го боли ногата. Ама најмногу не лажеа откако останавме сами како Р. Македонија. Ауууу, тогаш и вие почнавте да не лажете, дури и премиер ни инсталиравте во 1998 преку вашата тајна служба. Мораше некако да ни се одмаздите поради сите оние децении кога ние бевме на коњ, напиени најадени, нашетани, облечени, а вие во калта. Ко сме кај коњите… Од тој премиерот што како тројански коњ ни го подметнавте да не води, почна вашето подлабоко плеткање во македонцките работи. Вашето признавање на новата Р. МК како први во светот, не беше толку од преголема љубов кон нас, колку што беше тактички потег од една поголема стратегија која е денес во ек: Да асимилирате и бугаризирате што поголем дел од Македонија. Не сте наши пријатели, само глумите, туку ајде…. Додека има овци, ќе има и волна. Чиста рунска волна. И млеко за молзење богами.

ФБ Статус на Сашо Тасевски

Related posts

Leave a Comment