Претседателот на Авганистан Ашраф Гани го осуди терористичкиот напад на свадбата во Кабул, во која загинаа над 60 лица.
„Силно го осудувам нехуманиот напад врз свадбената сала во Кабул синоќа. Мојот главен приоритет засега е да им пристапам на семејствата на жртвите од овој варварски напад. Во име на нацијата испраќам мое срдечно сочувство до семејствата на оние кои беа маченици “, напиша тој на Твитер. „Како одговор на овој насочен напад, свикав вонредна безбедносна средба за да ги разгледам и да ги спречам ваквите безбедносни пропусти“, додаде Ашраф Гани.
„Талибанците не можат да се ослободат од вината за тие што обезбедуваат платформа за терористите. Денес е ден на жалост“, рече авганистанскиот претседател.
Бомба што експлодирала во свадбена сала во Кабул, уби 62 луѓе и остави 182 повредени. Авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека нападот го извршил бомбаш-самоубиец. Во меѓувреме, талибанското движење негираше вмешаност во нападот.