Свет

Лавров : Воениот сојуз помеѓу Јапонија и Америка стана нова пречка за мировниот договор со Русија

Тој потсети дека при координирање на Декларацијата во 1956 година, СССР утврди дека може да се спроведе целосно во контекст на укинување на американското воено присуство во Јапонија.

Американско-јапонската воено-политичка алијанса создава пречки за потпишување мировен договор со Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„ Воениот сојуз со САД, се разбира, е проблем кога станува збор за подигнување на руско-јапонските односи на друго ниво“ , рече Лавров пред новинарите во Нагоја во петокот на состанокот на Г20 на министрите за надворешни работи.

Тој потсети дека при координирање на Декларацијата во 1956 година, СССР утврди дека може да се спроведе целосно во контекст на укинување на американското воено присуство во Јапонија.

Министерот за надворешни работи на Русија изјави дека Јапонија треба да го признае рускиот суверенитет над Јужните Курилскии острови за потпишување на мировниот договор.

– Со сета почит кон генералниот секретар на Кабинетот на Јапонија, ние сме водени од договори на највисоко ниво меѓу рускиот претседател и јапонскиот премиер , рече тој.

Лавров рече дека тие се согласиле да преговараат врз основа на декларацијата од 1956 година, во која јасно се наведува дека територијалниот интегритет и суверенитет на Русија се признаени, така што беа признати и резултатите од Втората светска војна, па поатамуј може да се разговара за се.

Related posts

Leave a Comment