Свет

Австралија не мирува : Пожари, поплави, сега и песочна бура

Со месеци во Австралија беснеат пожари што опустошија неколку милиони хектари. Континентот беше делумно спасен од дождот, но го имаше премногу  и се случи поплавување. Сега земјата е погодена од песочни бури.

Силните ветрови во Нов Јужен Велс кренаа песок и прашина во воздухот, така што во некои градови денот одеднаш се претвори во ноќ.

Во некои делови на Нов Јужен Велс ветрот дуваше со повеќе од 100 километри на час.

Според извештаите на медиумите, најлошото било во Дабо, а некои локални жители го нарекоа „цунами од песок“. 

Поради незгодното време, службите за итни случаи добија илјадници повици во неделата.

Слична состојба се очекува во понеделник бидејќи ветрот не се очекува да запре. 

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа на кои се гледа ѕид од песок што се приближува кон одредени населени места.

 

Related posts

Leave a Comment