ВИЕНА – Австриската влада свесно го поттикнувала стравот од инфекција со коронавирусот кај населението, што произлегува од протоколот на владината сесија објавен од радиото „Ое1“.
На таа седница канцеларот Себастијан Курц рекол дека населението треба да има страв од инфекција, односно од смрт на членовите на своето семејство.
За време на седницата на Кризниот персонал на Министерството за здравство на 12 март, покрај канцеларот учествувале и заменик-канцеларот, министрите за здравство и внатрешни работи, како и експерти, во Владата.
Курц, според записникот од сесијата, рекол дека е загрижен затоа што не гледа вистинска загриженост кај населението.
На тоа се надоврзал Вирологот Хервиг Колариќ кој рекол дека населението мора да биде свесно дека станува збор за потенцијално смртно заболување, а не само за едноставен грип.
Тој како пример ја навел епидемијата на сипаници во Велика Британија во текот на 1990-тите, каде властите го подгреваа стравот од населението.
Во протоколот се додава дека Курц истакнал дека луѓето треба да се плашат од инфекцијата или смрт на членовите на нивните семејства а истовремено да ги елиминираат стравувањата за снабдување со храна, електрична енергија и слично, пренесува Танјуг.
Кабинетот на канцеларот одговори на извештајот за записникот од седницата, во кој се вели дека Курц „само покажал разбирање за стравот за членовите на семејствата“.
После таа седница, Курц, во своите обраќања до јавноста, постојано го предупредуваше населението, со пораки дека наскоро секој ќе знае некој што починал од коронавирусот.
Колариќ посочува дека без драстично предупредување, владините мерки не би биле рифатени.