АЛБАНИЈА – Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама досега собра потписи од 47 пратеници во албанскиот парламент, за покренување на постапката за отповикување на претседателот Илир Мета.
Се очекува иницијативата за разрешување на претседателот Мета да биде доставена до албанскиот парламент во текот на денот, по што ќе се формира истражна комисија што ќе го разгледа барањето.
Социјалистичката партија, која на неодамнешните парламентарни избори го освои мнозинството места во албанскиот парламент, веќе објави дека ќе побара Собранието да го отповика претседателот Мета, поради наводни повреди на Уставот и учество во изборната кампања.