Претседателот на Република, Србија Александар Вучиќ во емисија на „Пинк ТВ“ најави дека доколку е потребно, Србија е подготвена повторно да и помогне на Македонија.
Оваа помош тој ја најави во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Тој додаде дека трите земји од оваа иницијатива треба меѓусебно да си помагаат во месеците што доаѓаат.
– Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да и помогнене на Македонија со струја и со храна. Постојат различни денови, некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да и помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас, кажа Вучиќ.