Филозофија

АЛЕКСАНДАР ДУГИН : ГНОСТИК

The Daily Traditionalist: Matt Johnson on Alexander Dugin

Дојде време да се открие вистината, да се открие духовната суштина на она што обичните луѓе газолижачи, го нарекуваат „политички екстремизам“. Ние доволно ги збунивме со промена на етикетите на нашите политички симпатии, менување на бојата на нашите херои и со минување од оган на студ, од „десничарство“ во „левичарство“ и повторно назад. Сето ова беше само интелектуален артилериски напад, еден вид идеолошко загревање.

Ние ги исплашивме и искушувавме крајната десница и екстремната левица, па сега и едните и другите, го загубија патот, залутани од зацврстените патеки. Ова е неверојатно. Како што сакаше да повторува големиот Евгениј Головин: „Оној што оди спротивно од денот, не треба да се плаши од ноќта“. Нема ништо попријатно од тоа кога земјата ви се лизга од под нозете. Ова е прво искуство со летањето. Ги убива штетниците. Ги смирува ангелите.

Кои сме ние, навистина? Чие заканувачко лице станува сè појасно од парадоксалното, радикално политичко движење со застрашувачкото име „Национален болшевизам?“
Денес можеме да одговориме без никаква двосмисленост и нејасност. Но, ова изискува неопходна кратка екскурзија во историјата на духот.

Човештвото отсекогаш имало два вида на духовност, два пата – „Патот на десната рака“ и „Патот на левата рака“. Првиот се карактеризира со позитивен став кон околниот свет, во кој се гледа хармонија, рамнотежа, блаженство и мир. Сето зло е само одредена инстанца, локално отстапување од нормата, нешто незначително, минливо, без длабоки, трансцендентални причини. Десната патека се нарекува и „Млечен пат“. Не го подложува човекот на некое посебно страдање; го штити од радикални искуства, го оддалечува од потопување во страдања и далеку од кошмарот на битието. Ова е лажен пат. Доведува до заспаност. Не води до никаде.

Pope Francis has consistently warned against reverting to Gnosticism

Вториот пат, „ Патот на Левата рака“, гледа сè во обратна насока. Нема млечно блаженство, туку црно страдање; нема тивка смиреност, но жестока, огнена драма на раздвоеното битие. Ова е „патот на виното“. Деструктивно е, застрашувачко. На него владее гнев и бес. На овој пат, целата реалност се доживува како пекол, како онтолошко прогонство, како тортура, како потопување во срцето на некаква незамислива катастрофа што потекнува од самите височини на космосот.

Ако на првиот пат се чини дека сè е добро, тогаш на вториот пат сè изгледа зло. Овој пат е монструозно тежок, но е единствен вистинскиот. На оваа патека лесно се сопнува и уште полесно исчезнува. Ништо не ви гарантира. Никого не мами. Но, само овој пат е точен. Тој што ќе тргне по овој пат ќе добие слава и бесмртност. Оној што ќе преживее ќе преовлада и ќе добие награда поголема од тоа да се биде.

Оној што оди по Левата патека знае дека ќе заврши. Занданата на материјата ќе пропадне и ќе се претвори во небесен град. Ланец на иницијанти страсно го подготвува посакуваниот момент, моментот на Крајот, триумфот на тоталното ослободување.

Овие два пата не се две различни религиозни традиции. Двете се можни во сите религии, во сите конфесии, во сите цркви. Нема никакви надворешни разлики меѓу нив. Тие се однесуваат на најинтимните делови на човекот, неговата тајна суштина. Тие не можат да бидат избрани. Тие самите избираат луѓе да бидат нивни жртви, слуги, инструменти, оружје.

Левата патека се нарекува „Гноса“, „знаење“. Горчливо е исто толку како знаењето и генерира тага и студена трагедија. Некогаш во антиката, кога човештвото сè уште им даваше одлучувачка важност на духовните работи, гностиците создадоа свои теории на ниво на филозофија, доктрина, космолошки мистерии и на култно ниво. Постепено луѓето дегенерираа, престанаа да обрнуваат внимание на сферата на мислата и се втурнаа во физиологијата во потрага по индивидуална удобност во секојдневниот живот.

Но, гностиците не исчезнаа. Тие го префрлија спорот на ниво на работи разбирливи за современите граѓани.

The Gnostic Creation Myth - Gnosticism Explained

Некои од нив прокламираа пароли за „социјална правда“, развија теории за класна борба и комунизам. Тајната на Софија стана „класна свест“, а „борбата против злобниот Демиург, творец на проколнатиот свет“ доби форма на социјални битки. Темите на античкото знаење се протегаа до Маркс, Нечаев, Ленин, Сталин, Мао и Че Гевара. Виното на социјалистичката револуција, радоста на бунтот против силите на судбината и светоста, разочарана страст за тотално уништување на се што беше црно заради добивање на нова, светска светлина.

Други се спротивставија на вообичаеноста на секојдневието со тајната енергија на расата, со чистотата на крвта. Против мешање и деформирање тие покренаа закони за чистота и нова светост, враќање кон Златното доба, Големото враќање. Ниче, Хајдегер, Евола, Хитлер и Мусолини ја вметнаа гностичката волја во националните, расни учења.
Сосема е во ред што комунистите не се грижеа многу за работниците, ниту за Хитлер за Германците, но не од цинизам. Двете идеологии беа опседнати со подлабок, антички, апсолутен стремеж, заедничкиот гностички дух, тајната и страшна светлина на Левиот пат. Какви работници, какви „Аријци“ … Поентата е тотално друга.

The Case for Gnosticism, Part 8: Carl Jung and Gnosticism - Brevity

Другите креативни личности повикани на Левата патека, патот на гносата, исто така се разбрануваа меѓу „црвените“ и „црните“ и „белите“ и „кафеавите“ во нивните духовни потраги. Заплеткувајќи се во политички доктрини, одејќи во крајности, а сепак не можејќи јасно да ги изразат метафизичките контури на нивната опсесија, уметниците од Шекспир до Арто и од Микеланџело до Ееманс, од трубадурите до Бретон, го испија тајното вино на страдањето, алчно натопувајќи ги во општеството, страстите, сектите и окултните братства, различните фрагменти од страшното учење што ја прави невозможна насмевката. Темпларите, Данте, Лотермонт. Никогаш не се насмевнаа во животот. Ова е знак на посебна избраност, трага од монструозното доживување на нешто што е заедничко за сите кои го одбрале Патот на левата рака.

Гностикот гледа на нашиот свет со неговиот сериозен поглед – истиот поглед како оној на неговите претходници, врските со античкиот синџир на избраниците на Ужасот. Одвратна слика се рефлектира во неговите очи. Луд Запад во потрошувачка(конзумеристичка) психоза. Исток чија тапост и патетична потчинетост е одвратна. Потонат свет, планета што лежи на дното.

„Во подводните шуми, брзањето е бескорисно и движењето престанува…“ (Головин)

Но, гностикот не се откажува од својата кауза. Ниту сега, ниту утре, ниту никогаш. Уште повеќе, тој ја има секоја причина да го слави сето ова одвнатре. Зарем не им кажавме на наивните оптимисти за „Патеката на Десната рака“ каде ќе води нивната прекумерна онтолошка доверба? Зарем не предвидовме дегенерација на нивниот креативен инстинкт до гротескната пародија што е денешната конзервативност, кои се помирија со сè што ги згрози нивните посимпатични (но не помалку лицемерни) претходници пред само неколку милениуми? Не нè слушаа. Сега нека се обвинат себеси и нека читаат брошури за Њу Ејџ или прирачници за маркетинг.

Никому не сме му простиле. Ништо не сме заборавивле.

Не сме измамени од промените во социјалните одликувања и политичките актери.

Имаме многу долга меморија. Имаме многу долги раце.

Имаме многу тешка традиција.

Лавиринтите на битието, спиралите на мислите, вртлозите на гневот…

Александар Дугин

Првично објавено во 1995 година во Лимонка, официјален весник на Националната болшевичка партија.

Leave a Comment