Алијансата на Албанците на Зијадин Села го поздрави назначувањето на заменик-помошник секретар Метју Палмер за специјален претставник за Западен Балкан на државниот секретар Мајк Помпео.
„Американската дипломатија, особено преку Палмер, даде значаен придонес кон стабилизирање на земјата за време на транзицијата од режимот ВМРО-ДУИ и материјализацијата на членството во НАТО. Во време кога земјата се соочува со невидени и координирани напади врз темелите на владеењето на правото, зголемениот ангажман на САД е многу позитивен сигнал за демократизација на Северна Македонија и европската перспектива на регионот”, соопштуваат од Алијанса за Албанците.