Полскиот весник ,,Мисла Полска” опиша две сценарија за можен вооружен конфликт меѓу САД и Русија.
Првиот подразбира дека американската војска ќе спроведе силен напад користејќи ги сите расположиви средства, вклучително и нуклеарно оружје, пренесува Спутник .
Авторот исто така верува дека овој концепт носи значителен ризик, бидејќи Кремлин може да ја задржи можноста „да изврши подеднакво деструктивен контранапад“.
Второто сценарио вклучува неколку чекори. Главната задача е Русија да се стави во економска изолација. Овој концепт е дизајниран да „доведе до промена на политичкото раководство“ на земјата. Ова е концепт што се применува во последните години, според полскиот автор на текстот.
Новинарот Антони Конишевски вели дека веројатноста за избувнување на војна е сосема реална, бидејќи на Вашингтон можеби итно му треба „релативно голема војна“.
Притоа, Русија се смета за најверојатен противник, а Соединетите држави треба „да се обидат да ја покорат земјата заедно со нејзиниот геополитички простор“.
Весникот потенцира дека во исклучително тешки околности Русија „успеала да направи некои маестрални шаховски потези“ – да постигне успех во Сирија, да воспостави односи со Турција и Израел, додека Вашингтон „претрпе понижувачки пораз на Блискиот исток“.