Свет

Американскиот Конгрес ја одби иницијативата на Трамп за учество на Русија во Г7

Претставничкиот дом на САД донесе резолуција што се спротивставува на учеството на Русија во групата Г7.

339 членови на Претставничкиот дом гласаа за резолуцијата, 71 против. Резолуцијата нема правна сила во САД и има карактер на препорака до извршната власт од која не се бара да се придржува кон резолуцијата.

Резолуцијата изразува „неодобрување“ на членството на Русија во Г7 „сè додека не започне да го почитува територијалниот интегритет на соседите и да ги почитува стандардите на едно демократско општество“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вети порано дека ќе го покани рускиот претседател Владимир Путин на следната средба на лидерите на најмоќните нации на Г7, што ќе се одржи во 2020 година. Тој рече дека формат „осум“ со учество на Русија ќе биде многу поефикасен од „седум“. 

Минатата недела, Песков, одговарајќи на прашањето дали Русија би се согласила да се врати во Г8 доколку добие ваков предлог, истакна дека овде тешко е можно хипотетичко размислување. Русија постојано ги негираше тврдењата за мешање во работите на другите земји.

Related posts

Leave a Comment