Македонија

Ангелова разочарана од Мицковски

Пратеничката Даниела Рангелова во интервју за Цивил вели дека идејата за 120 изборни единици која ја претстави Христијан Мицкоски никогаш не била дискутирана со пратениците.

-Јас сум изненадена од изјавата. Прво, не е комуницирано со пратениците, но не прв пат. Очекувам дека не е ни последен пат, одлуките да се носат во мал круг на луѓе во партијата. Не се отвори ниту дебата дали ние како пратеници, кои на крај треба да го притиснат копчето, ќе можеме да кажеме дали навистина треба да има мнозински модел од 120 единици. Не сум експерт во оваа област, но 120 изборни единици ми изгледа многу комплицирано, вели Рангелова.

Таа е разочара што во новиот тим што го претстави Мицкоски има само две жени и вели дека таа му кажува дека лидерот е одговорен за тимот кога го составил и сноси одговорност.

-Честитки за тимот. Него го бира лидерот и раковотството и си одговара за тимот. Јас кога му викам така тој се лути дека се заканувам, но тоа е само порака. Нормално и јас за ова интервју преземам цела одговорност и стојам зад моите кажани зборови. Ако го прави тимот, треба да одговара за него. Имам забелешка за тимот. Прво во него се вклучени само 2 жени., од вкупно 16 во тимот. Крајно разочарувачки. И нема ниту еден советник за родови прашања, отсуствуваат прашања за родови политики, нема за земјоделие, во контекст на жените во руралните средини, отсутвуа родовата политика во ВМРО-ДПМНЕ.  Ако ова е некоја Влада во сенка, исто, многу разочарувачки. Се чувствува отсуството на жените, смета Рангелова.

Related posts

Leave a Comment