Свет

АНТИ-ТЕРОРИСТИЧКА АКЦИЈА ВО РУСИЈА: Ликвидирани петмина екстремисти во Кабардино-Балкарија

ISIS terrorist plotted bombing of local security service HQ in Russia,  killed by FSB — RT World News

Во утринската акција на руските антитерористички безбедносни сили во Република Кабардино-Балкарија беа ликвидирани пет екстремисти кои, како што беше соопштено од Националниот антитерористички комитет, ковале заговор со цел да спроведат терористички операции.

– Утрово околу 3:00 часот наутро, терористите беа блокирани во куќа во предградието на Налчик. Ним им беше наредено да го положат оружјето и да им се предадат на властите. Но, наместо тоа, тие пукаа врз припадниците на безбедносните сили. Во размената на оган што следеше, петмина беа ликвидирани – се наведува во соопштението на Националниот антитерористички комитет и се додава дека екстремистите планирале терористички акции, пренесува ТАС С.

Властите потврдија дека нема повредени припадници на безбедносните сили и дека се водат истраги на местото на акцијата утрово.

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација донесе одлука за прогласување состојба на трајна антитерористичка операција во таа област.

Related posts

Leave a Comment