Кривичниот суд сторил суштествени повреди, но недоволно образложил зошто ги одбил за амнестија обвинетите организатори за собраниските инциденти од 27 април.
Ова се главните причини поради кои Скопска апелација ја укинала пресудата со која поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски доби шест и пол години затвор, екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски по 6 години и три месеци затвор, а поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски доби6 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Апелација пркеу соопштение објаснува дека Кривичен ги занемарил приговори на одбраната во однос на примената на Законот за амнестија кој пропишува под кои услови се ослободуваат од кривично гонење и се запираат постапките за инволвираните во настаните од 27 апил 2017.
„Првостепениот суд сторил и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 3 од Законот за кривична постапка, односно го повредил правото на одбрана на обвинетите која влијаела врз законитото и правилното донесување на пресудата и врз правото на обвинетите на правично судење, бидејќи не го расправил во доволна мера прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење“, информираат од Апелацискиот суд.
Апелација смета и дека во првостепената постапка не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани криивчното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
„При утврдување на фактичката состојба не утврдил со сигурност во што се состојат дејствијата на секој од обвинетите преземени во насока на остварување на битието на кривичното дело за кое се обвинети, ако се има предвид дејствието на извршување на предметното кривично дело, за кое правната теорија и судската пракса се едногласни дека покрај умислата во субјективното битие како субјективен елемент на противправноста влегува и намерата за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на РМ“, се додава во соопштението на Апелација.
Првостепената пресудата беше изречена во јули 2021 година. Кривичен пресуди дека се потврдило обвинението, според кое, обвинетите на почетокот на 2017 година, по неуспешните преговори за формирање Влада, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на државата, подготвиле и реализирале план да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство.
Првиот предмет поврзан со извршителите на 27 април е пред врховниот суд. На почетокот процесот почна против 33 обвинети поврзнаи со упадот во Собранието , но по донесувањето на Законот за амнестија во 2018 година беа помилувани 15 мина обвинети мегу кои и пратениците.
Предметот за организаторите со одлуката на Апелација да го укине се враќа на почеток.