Свет

Асад: САД ги контролира и терористите и неонацистите, Русија и Сирија се борат против истиот непријател

Sensing opportunity in Syria, UAE leads Arab efforts to do business with  Assad | Mint

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска изјави дека САД ги контролираат и терористите и неонацистите. „Тоа значи дека Русија и Сирија се борат против истиот непријател, бидејќи и терористите и неонацистите се контролирани од иста држава – САД“, посочи сирискиот лидер.

На средбата со заменик-претседателот на Државната дума, Дмитриј Саблин и делегацијата од Доњецката Народна Република, тој посочи дека главната и најголема битка се води против политиката на хегемонија што ја води Западот. Сирискиот претседател додаде и дека Западот се смета себеси за центар и се стреми да владее со светот во согласност со неговите интереси.

Тој ги повика „земјите кои го бранат својот суверенитет да градат силни односи со цел да си помагаат меѓусебно да ги зајакнат сопствените позиции и да ги реализираат интересите на своите народи“.

Related posts

Leave a Comment