Свет

Асанж се појави пред британскиот суд барајќи одложување

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, се појави денес на суд во Лондон и побара тримесечно одложување за да се подготви за борбата против  барањето да биде екстрадиран во САД.

Асанж и неговите адвокати не успеаја да ја убедат судиката Ванеса Барајцер дека има причина за одложување.

За екстрадицијата треба да се расправа  во февруари, со кратки појавувања пред судот во ноември и декември.

Асанж рече дека случајот не е рамноправен затоа што американската влада има „неограничени ресурси“, додека тој нема лесен пристап до адвокатите и документите потребни за да се подготви за борба против екстрадицијата, бидејќи тој е во затвор во Лондон.

„Тие ги имаат сите предности“, рече четириесет и осумгодишниот Асанж, пренесува АП.

Американските власти го обвинуваат Асанж дека со поранешниот разузнавачки аналитичар на американската армија, Челси Менинг, планирал да провали во владин компјутер со доверливи информации.

Related posts

Leave a Comment