Свет

БАЈДЕН: „Веруваме дека Русија ќе ја нападне Украина за неколку дена и дека спроведоа лажна операција“

Biden says Trump's 'web of lies' poses ongoing threat to US democracy

Бајден истакна дека нема план да го повика рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да ги реши тензиите и конфликтите. Повеќе од 7.000 нови руски војници пристигнаа на украинската граница, соопштија американските власти

Веруваме дека Русија ќе ја нападне Украина во следните неколку дена, изјави американскиот претседател Џо Бајден и покрај тврдењата на Кремљ дека ги повлекува своите воени сили. Според американски официјални лица, повеќе од 7.000 нови руски војници пристигнале на украинската граница .

– Нивото на закана за руската инвазија на Украина е високо – изјави Бајден за Си-Ен-Ен и објасни дека руските војници се уште се на границата, не ги повлекле, но ги има повеќе.

– Имаме причина да веруваме дека спроведоа лажна операција за да имаат изговор да ја нападнат Украина. „Секоја индикација што ја имаме е дека тие се подготвени да влезат и да ја нападнат Украина“, рече Бајден.

Бајден истакна дека нема план да го повика рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да ги реши тензиите и конфликтите.

Related posts

Leave a Comment