Регион

Бајден му го честита Денот на независноста на Косово: Оваа земја има посебно место во срцата на моето семејство

Бајден: САД ќе останат непоколеблив партнер на Косово

Американскиот претседател Џо Бајден му го честиташе Денот на независноста на Косово на косовскиот претседател Вјоси Османи.

Оваа информација Османи ја сподели на својот официјален Фејсбук профил.

– Претседателот Бајден ја пофали нашата работа и посветеност на зајакнување на демократијата и борбата против корупцијата и бара дијалогот да заврши со взаемно признавање. Според него, Косово на самитот за демократија сведочеше дека е подготвено да го сподели своето искуство со другите земји, па потенцира дека во текот на оваа година Косово континуирано покажува лидерство на меѓународната сцена. Во својата желба, претседателот Бајден го повтори фактот дека семејството Бајден има посебна врска со нашата земја.

Косово е благословено што има свој постојан сојузник, САД! Господ да го благослови пријателството на Косово со САД! – напиша Османи.

Непоколеблив партнер

Во честитката што ја испрати Бајден, меѓу другото, се наведува дека Косово постигнало неверојатен напредок во текот на 14-те години независност.

– Во име на американскиот народ вам и на вашите сограѓани ви го честитам Денот на државноста на Косово, кој го славите на 17 февруари.

Косово постигна неверојатен напредок во текот на своите 14 години независност, прераснувајќи од млада демократија во нација подготвена да ги сподели своите искуства со светот, како што покажавте за време на Самитот за демократија во декември. Ја поздравувам вашата посветеност на тековната и витална работа за зајакнување на косовските институции и обезбедување дека демократијата во Косово е добра за сите луѓе во вашата земја.

Косово ќе остане постојан партнер на Соединетите Држави додека работите на борбата против корупцијата и владеењето на правото, ги штитите правата на верските и етничките малцинства, промовирате фер и транспарентен економски раст и обезбедувате одржлива енергетска иднина. Задоволни сме што Косово продолжува да ги гради и зајакнува своите позитивни односи со соседните земји и ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори за сеопфатен договор за нормализација со Србија фокусиран на взаемно признавање.

Лидерство на меѓународната сцена

Во изминатата година Косово неколку пати го демонстрираше своето лидерство на меѓународната сцена. Од обезбедување засолниште до ранливите до зајакнување на глобалната безбедност и ангажирање со американската војска во Кувајт, народот на Косово на светот му ја покажа својата храброст и великодушност. И додека заедно се соочуваме со пандемијата на КОВИД-19, задоволен сум што Соединетите Држави можат да обезбедат уште половина милион безбедни, ефективни дози од вакцината за Ковид-19 овој месец за да го заштитат и помогнат Косово да се обнови од пандемијата.

Како што знаете, Косово има посебно место во срцата на семејството Бајден. Ви благодарам уште еднаш за големата чест што му ја укажавте на мојот син, Бо, кога постхумно му го доделивте Претседателскиот медал за владеење на правото минатата година. Со нетрпение очекувам да ги продолжиме нашите заеднички напори за продлабочување на партнерството меѓу нашите земји и да ја реализираме иднината на Косово како енергична, суверена, мултиетничка демократија, која ќе го заземе заслуженото место во европските и евроатлантските институции.

Ви посакувам вам и на сите граѓани на Косово безбеден и радосен празник додека ја славите вашата независност – заклучува Бајден во честитката.

 

Related posts

Leave a Comment