Свет

БАЈДЕН МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ПУТИН: Ќе ти воведам санкции поради Украина!

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека во случај на руска инвазија на Украина, можно е да се воведат санкции лично за рускиот претседател Владимир Путин.

На новинарско прашање дали е можно такво нешто, тој кратко одговори: „Да“.

Тој на новинарите им кажа и дека САД немаат намера да распоредат сили на територијата на Украина.

– Немаме намера да распоредиме наши сили или сили на НАТО во Украина, изјави американскиот претседател.Сепак, тој рече дека наскоро би можел да донесе одлука за трансфер на американски војници кои се во состојба на готовност на европско тло поради тензичната ситуација во Украина.

Да потсетиме, вчера околу 8.500 војници добија наредба да бидат подготвени да бидат префрлени во американските бази како поддршка на источното крило на НАТО.

– Можно е наскоро да испратам дел од тие сили, рече тој и додаде дека одлуката за тоа зависи од „што прави или не прави Путин“.

Односите меѓу Западот и Украина паднаа на најниско ниво од Студената војна поради ситуацијата околу Украина. Западот ја обвинува Русија дека подготвува инвазија на Украина, додека Москва тоа го негира и бара гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток.

Related posts

Leave a Comment