Свет

Бајден по стапките на Килнтон : Поранешна соработничка го обвини за сексуално вознемирување

 EPA-EFE / TRACIE VAN AUKEN

Тара Рид го обвини поранешниот потпретседател Џо Бајден за сексуално вознемирување, станува збор за жена која работеше за Бајден во 90-тите години од минатиот век како асистент.

Таа за прв пат поднесе обвиненија против Бајден минатиот месец, тврдејќи дека тој „ја вовлекол својата рака под нејзиното здолниште“ кога му ја донела спортската торба во теретана, јавува NBC News.

Рид се повика на петмина сведоци, од кои тројца рекоа дека не се сеќаваат на разговорот, четвртиот дека е запознаен со приказната, а петтиот сведок изјави дека Рид и раскажала како Бајден постапил несоодветно и дека ја допрел додека работела во неговата канцеларија, но дека не  го објаснила нападот детално.Кабинетот на Бајден ги негираше приказните како невистинити.

Related posts

Leave a Comment