Регион

Бил Клинтон пристигна во Приштина

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон пристигна во Приштина и беше пречекан на аеродромот од косовскиот вицепремиер Беџез Пацоли и поранешниот косовски претседател Атифете Јахјага.

 

 

Бил Клинтон ќе присуствува на 20-годишнината од влегувањето на НАТО во Косово утре, како што објаснуваат во Приштина, “ослободувајќи ја земјата од српските агресорски сили”.

 

Во 1999 година, Клинтон беше американски претседател и беше еден од клучните актери за време на НАТО-бомбардирањето на тогашната СР Југославија, по повод кризата во Косово и Метохија.

Клинтон на пладне ќе биде примен од премиерот Рамуш Харадинај и претседателот Хашим Тачи. Исто така, се планира да им се обрати на медиумите по состанокот со Тачи.

Во Приштина поради истите причини ќе присуствува и поранешниот американски државен секретар во кабинетот на Клинтон, Медлин Олбрајт.

Во близина на центарот “Боро и Рамиз” во Приштина, ќе биде откриена биста со  нејзиниот лик.

Related posts

Leave a Comment