Македонија

БИЛ НИКОЛОВ : АМЕРИКАНСКИ ФУНКЦИОНЕРИ,ДАЛИ МИРНО СПИЕТЕ КОГА ЗНАЕТЕ ДЕКА ОПИСОТ НА ВАШАТА РАБОТА Е ИСКОРЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА?

Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за човекови права на македонците од Канада,Бил Николов,ги запраша американските функционери дали нивната совест им дозволува мирно да спијат кога знаат дека описот на нивната работа е искоренување на Македонија.

Го имам прашано секој функционер на американскиот Стејт Дипартмент што некогаш сум го запознал, како тие спијат ноќе знаејќи дека нивниот опис на работа е „искоренување на Македонија . Амбасадорке Кејт Бирнс, ве прашувам овде, бидејќи ние (за среќа) никогаш не сме се сретнале. Само да ви укажам, „Следење на наредби“ не е оправдување за културолошки-геноцид ,напиша Николов на својот Твитер профил.

 

Related posts

Leave a Comment