Во врска со последниот скандал во кој беше инволвиран премиерот Зоран Заев, а се однесува на скандалозните телефонски разговори кои тој ги остварил со двајцата руски комичари мислејќи дека разговара со бившиот претседател на Украина Порошенко,во кои се изнесоа загрижувачки информации и во кои имаше коруптивни елементи, како понудата за поткуп на вселенскиот патријарх од сто илјади евра, претседателот на организацијата за човекови права на македонците од Канада и истакнат борец за македонската кауза Бил Николов се огласи на својот Твитер профил.Тој напиша :
Нелегитимниот “премиер” на Македонија Заев изврши предавство и им го ПРИЗНА тоа на Руси. Дали ВМРО конечно ќе им откаже послушност на своите газди од САД и ќе: 1. почне протести и побара оставка од Заев 2. вети дека ќе го ПОНИШТИ договорот од Преспа? Да не бараме премногу?
Алудирајќи на инертноста на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ,кон се позагрижувачките дејности на владата на Заев по клучните стратешки национални прашања и нивната сервилност кон Соединетите американски држави кои влијаат на нивните политички чекори.
Нелегитимниот "премиер" на #Македонија #Заев изврши предавство и им го ПРИЗНА тоа на #Руси. Дали #ВМРО конечно ќе им откаже послушност на своите газди од #САД и ќе:
1. почне протести и побара оставка од Заев
2. вети дека ќе го ПОНИШТИ договорот од #Преспа?
Да не бараме премногу? pic.twitter.com/mJR8Eu6QDy— Bill Nicholov (@BillNicholov) July 10, 2019