Македонија

БИЛ НИКОЛОВ ДО ТРУДО : Џастин, сретни се со мене и КАЖИ МИ ЗОШТО” им се придружи на САД во притисокот врз сите Македонци да се преименуваат

Лидерот на Македонското Меѓународно движење за човекови права од Канада, Бил Николов јавно побара средба со канадскиот премиер Џастин Трудо. Николов објави фотографија од неговиот татко пред да ја напушти Егејска Македонија и да замине во Канада. Тој очекува Трудо да објасни зошто ја напуштил пријателската канадска политика кон Македонија и македонците им се приклучил на САД во притисокот врз Македонците.

“Татко ми, на последниот ден во Желево, Егејска Македонија, пред да емигрира за Канада. Го преживеа грчкиот прогон. Канада не’ поддржуваше – додека Трудо не им се приклучи на САД во притисокот врз сите Македонци да се преименуваат. Џастин, сретни се со мене и КАЖИ МИ ЗОШТО”, пишува Николов на својот Твитер налог во поканата  до канадскиот премер Џастин Трудо.

 

Related posts

Leave a Comment