Колумни

Бобан Нонковиќ : Можеби ДПМНЕ има повторно задача да игра спаринг-партнер за продолжување на фашистичката окупација на Македонија

Плуто-клептократскиот фашистички режим и неговиот предводник нудат брзи избори со цел да добијат нов четиригодишен мандат!

Оваа данајска понуда на Заев Квислинг до конструктивната опозицијата е јасна. Наместо Пржинска Влада во која тој нема да биде премиер 100 дена пред предвремените парламентарни избори, министри за внатрешни работи и за социјална политика од опозицијата 100 дена пред изборите, заменици-министри со право на вето за финансии, за земјоделство и за администрација 100 дена пред избори од опозицијата… Заев и неговите ментори сакаат да се прескокне ова и опозицијата да добие учество во организацијата на изборниот процес преку водење на овие државни позиции на максимум 60 дена.

Што е играта?

СДСМ со Пржинскиот договор го доби истото, но да се потсетиме дека нивните министри и заменици беа во два наврати избирани (во 2015 и 2016 г.) и речиси една година беа на тие државни позиции пред изборите, кои пак на двапати се одложуваа (април и јуни 2016 г.), пред истите да се одржат во декември 2016 година.

За 60 дена (а, јас мислам ниту за 100 дена) водење на МВР и другите државни институции кои можат да послужат за фалсификување и купување на гласови, македонската опозиција нема шанси да успее да го спречи системот на изборен инжинеринг на комунистичката багра (списоци од труд и социјална политика, пари од албанска нарко-мафија и купување на гласачи со обезбедување од началници и високо-позиционирани инспектори и полицајци)!

Тоа значи дека во случај да прифати такви „брзи избори“, на ВМРО-ДПМНЕ ќе му се повтори изборниот масакр од локалните избори во 2017 година (кога СДС направи џандар збира на сите општини во Македонија) и од годинешните претседателските избори и избори за градоначалник на Охрид и на струмичко Ново Село

Или, пак, можеби опозицијата има повторно задача да игра спаринг-партнер за продолжување на фашистичката окупација на Македонија, преку учество во фингиран изборен процес што треба да му даде демократски лик на бруталното владеење на најкрволочниот режим што владеел во една земја по Втората светска војна?!

Бобан Нонковиќ

Related posts

Leave a Comment