Свет

Британија не сака седница на Советот за безбедност за ,,масакрот” во Буча, Русија не се откажува од барањето да се одржи расправа

Maria Zakharova: Russia will respond adequately to strengthening of NATO  military presence in the Black Sea | News agency «Interpressnews»

МОСКВА  – Велика Британија не даде согласност за одржување на седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во украинскиот град Буча. Русија денеска повторно ќе побара свикување седница за тоа прашање, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа на Телеграм напиша дека Русија ќе побара свикување седница на Советот за безбедност во врска со, како што наведе, „криминалните провокации на украинската армија и радикалите во тој град“.

Британската мисија во ОН, која претседава со Советот за безбедност во април, објави дека телото на ОН во вторник ќе одржи претходно закажана дебата за Украина и дека нема да се состане во понеделник на барање на Русија, пренесе Танјуг.

Настаните во градот Буча кај Киев дополнително ги разгореа меѓусебните обвинувања на Русија и Украина, кои се во воен конфликт од почетокот на руската интервенција во Украина на 24 февруари. Имено, украинските власти и медиумите споделија видео, наводно направено во градот Буча во Киевската област, на кое се гледаат телата на загинатите како лежат на патот. Украина ја обвини Русија дека извршила воено злосторство во тој град, што Москва категорично го отфрла и најави истрага.

Министерството за одбрана на Русија тврди дека сите фотографии и видеа објавени од Киев се „провокации“ и дека сите руски единици ја напуштиле Буча на 30 март.

Главниот руски истражител нареди денеска да се започне официјална истрага за, како што рече Украинската, „провокација“, откако Киев ја обвини руската војска за убиство на цивили во градот Буча.

Related posts

Leave a Comment