Парламентот ја продолжи работата по пресудата на Врховниот суд дека суспендирањето на работата на највисокото законодавно тело е нелегално, објави Ројтерс. Џонсон, кој го скрати престојот во Њујорк во Обединетите нации и се врати во Лондон, ќе се обрати пред пратениците во текот на денот.
„Премиерот не можеше да биде појасен во последните неколку недели дека нема да бара продолжување на рокот за излез од ЕУ и беше решен Брегзитот да го спроведе до 31 октомври“, рече портпаролката на британскиот премиер.
Таа потсети дека Џонсон двапати повикал на нови избори, но парламентот ги отфрли.
Министерот за Брегзит, Мајкл Гов, изјави денеска дека британската влада со должна почит не се согласила со одлуката на Врховниот суд дека суспензијата на парламентот е нелегална, но ќе ја почитува.
Џонсон го скрати престојот во Њујорк во Обединетите нации и се врати во Лондон денес „порешителен од кога и да било во спроведување на Брегзит“, пренесе Ројтерс.
Џонсон се соочува со силно спротивставување на опозицијата кон неговите планови, по пресудата на Врховниот суд дека незаконски го суспендирал парламентот.