Британскиот парламент вечерва гласаше за преземање на контролата врз агендата, што значи дека пратениците сега можат да предложат закон за спречување на Брегзит без договор.
Претседателот на Долниот дом, Џон Беркоу, синоќа ја одобри вонредната расправа за Брегзит, по предлог на парламентарците, кои се обидоа да најдат начин да се избегне излегување од ЕУ без договор.
Пратениците гласаа за преземање на контролата врз агендата со 328 гласа „за“ и 301 „против“, со цел да се донесе закон со кој ќе се присили премиерот Борис Џонсон да го одложи Брегзит, закажан за 31 октомври, за три месеци.
Џонсон е упорен во обидот да ја извлече Велика Британија од ЕУ, со или без договор и е подготвена да распише предвремени парламентарни избори.