Вкупно 219 заболени пациенти, од нив 7 се во тешка здравствена состојба
Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови заболени со Ковид-19, со тоа вкупниот број изнесува 219 лица, рече министерот Филипче.
Тој потенцираше дека не треба да се има никаков сомнеж за бројката на заразени и дека е точен.
– На Клиниката се наоѓаат 41 пациент, 7 од нив во потешка здравствена состојба, но немаат потреба од респиратор, 27 се средно тешки и 7 се добри- рече Филипче.
Во Козле се уште траат анализите и земени се матаријали на 13 вработени и постои веројатност од понеделник да работи само амбулантскиот оддел.
-Имавме случај на Клиника на кардијологија, едн од членовите на резервниот тим, ова е случај каде што нема лежечки пациенти, но доколку се установи дека некој се појавил на работа свесен дека веќе имал симптоми на Ковид-19, ќе следат санкции, рече Министерот Филипче.