Регион

Бугарија дозволи прелет на рускиот авион : ,,ПАНЦИР” пристигнува во Србија

Бугарија конечно му издаде одобрение на рускиот авион кој ќе и го достави „Панцир-С1“ на Србија, за лет над нејзиниот воздушен простор, пренесува Спутник.

„По одобрувањето на министерот за одбрана и координацијата со Министерството за транспорт, во согласност со важечката регулаторна постапка, даден е позитивен одговор за летот на руски авион за испорака на противвоздушниот ракетен комплекс Панцир-С1 за Србија“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Вчера, Атлантскиот совет на Бугарија праша дали бугарските министерства дале дозвола за пропуштање на рускиот авион преку Бугарија.

Related posts

Leave a Comment