Регион

Бугарија најави подготвеност да ги затвори своите пристаништа за руски бродови

Бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Сабев изјави во интервју за бугарската национална телевизија дека властите во земјата се подготвени да ги затворат своите пристаништа за руски бродови.

„Министерството за транспорт ја потврди можноста за затворање на бугарските пристаништа за бродови под руско знаме, бидејќи во наш национален интерес е да се запре војната “, рече тој, а пренесе ТАСС.

Првиот човек на Министерството за транспорт не прецизираше од кој момент оваа одлука би можела да стапи во сила.

Related posts

Leave a Comment